Притвор за возач кој прегазил пешак во Желино и избегал

Желино / фото: Izmit1 / Google Maps

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ф. (42) од тетовското село Желино, поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на сообраќајот, а во врска со кривичните дела тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Како што информираат од МВР, на 2. јуни годинава околу 19.20 часот на локалниот пат во село Желино, пријавениот со автомобил „бмв 320“ удрил во пешак од Желино, кој починал на местото на несреќата.

Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Тетово на пријавениот му одреден притвор и бил спроведен во заворот во скопско Шуто Оризари./

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот