Притисокот врз Берлин се поголем, ќе обезбеди ли крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев?

Ракета, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Разговорите за тоа дали на Украина да и се обезбедат германски крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ повторно се вжештија откако политичарите внатре и надвор од Владата инсистираа Киев да го добие вооружениот систем што одамна го бараше.

Портпаролката на германското Министерство за одбрана денеска јасно стави до знаење: „Политичка одлука за предавање (на оружјето) не е донесена“.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус неодамна истакна дека Германија не е единствената земја што не обезбедува ваков тип ракети, соопшти денеска неговиот кабинет.

„Не не сме единствените кои не ги доставуваме. Нашите сојузници од САД исто така не ги обезбедуваат овие крстосувачки ракети“, рече министерот.

Ракетните системи можат да уништат бункери и заштитени командни пунктови на оддалеченост до 500 километри. Нивното испраќање во Украина се смета за особено чувствително прашање, бидејќи канцеларот Олаф Шолц не сака Германија да се гледа како снабдувач на оружје што може да му наштети на цивилното население на Русија, со оглед на активностите на германската војска за време на Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот