Природната катастрофа во Конго принуди над 50.000 луѓе да ги напуштат своите домови – Слободен печат
ВестиПланета

Природната катастрофа во Конго принуди над 50.000 луѓе да ги напуштат своите домови

Владата соопшти дека големите поплави предизвикале загуба на насади, добиток, резерви на храна и довеле до повторен пораст на болести кои ги предизвикува зголемувањето на нивото на водата.

Владата на Република Конго прогласи состојба на природна катастрофа на три територии, откако најмалку 50.000 луѓе беа раселени поради големи поплави.

Советот на министри соопшти дека по повеќенеделните обилни дождови на териториите на Ликуал, Ла Кувет и Плато, уништени се голем број куќи и инфраструктурни објекти.

Владата соопшти дека големите поплави предизвикале загуба на насади, добиток, резерви на храна и довеле до повторен пораст на болести кои ги предизвикува зголемувањето на нивото на водата.

Советот нагласи дека околу 50.000 луѓе долж реката Конго се во опасност.

Виктор Нгаси, генерален секретар на Макотипоко, околу 400 километри низводно од Бразавил, рече дека во неговата област е регистриран еден смртен случај.

Тој додаде дека луѓето гладуваат и чекаат помош од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close