Прилепчанец загина на патот кон Битола, го удрил автомобил додека туркал велосипед
49-годишен жител на Прилеп го загубил животот во трагична несреќа на регионалниот пат кон Битола, откако во него удрил возач на автомобил од Прилепско. Тој бил пренесен во болница, но таму им подлегнал на повредите, соопшти МВР.
Препорачано
„На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција“, пишува во полициското соопштение.


