Пријава за тројца општински функционери од Демир Хисар

Битолското јавно обвинителство поднесе обвинителе акт против три лциа кои се обвинети за злоупотреба на службена положба, а еден од нив за несовесно работење во службата.

Во обвинителниот акт пишува дека тројцата обвинети делото го извршиле како службени лица. Едниот од нив бил градоначалник на општина Демир Хисар, вториот раководител на Центарот за вработување и третообвинетиот соработник за услуги за поддршка за вработување во Центарот за вработување Демир Хисар.

„Обвинетиот градоначалник со пречекорување на границите на своето службено овластување и неизвршување на својата службена должност за совесно и законито работење и доследно почитување на член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик, овозможил вработување на три лица како административни службеници во Општина Демир Хисар на определено време спротивно на одредбите пропишани во Изборниот законик.

Прочитајте и...  Жител на Слатино крадел стуја, пуштил кабел и до куќата на брат му

Вработувањата биле извршени по донесена Одлука за распуштање на Собранието и Решение за распишување на предвремени парламентарни избори за пратеници во Собранието, објавена на 11.12.2016, по која не може да се започне постапка за вработување нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Вработувањата за кои донел одлука обвинетиот градоначалник, а истата ја спровел второобвинетиот, се однесувала на работни задачи кои немале итна природа. Вработените лица биле ангажирани на определено време за работа на проекти, за чија реализација општината донела одлука дури подоцна, на 59-та седница на Советот на Општина Демир Хисар одржана на 29.12.2016 година.

Прочитајте и...  Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Третото обвинето лице делото го сторило поради тоа што не презело дејствија за проверка на поднесена пријава за вработување, па иако за работните места на кои се вработуваат лицата биле потребни три одделни пријави, тој извршил евидентирање на вработувањата врз основа на поднесена една пријава која се однесувала за сосема други работни места“ се вели во извештајот на ОЈО.

Прочитај повеќе

Малолетник со нож избоде 19-годишно момче

Слободен печат

Жител на Слатино крадел стуја, пуштил кабел и до куќата на брат му

Слободен печат

Три лица од возило застрелале куче скитник

Слободен печат

Казни за тројца од Ресен за непочитување на полицискиот час

МИА Агенција

Кривични пријави за насилството во Матка

Слободен печат

Камион излета од патот кај Пелинце

Горан Наумовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Жител на неготинско Тремник пријавил соселанец оти му го натепал детето

МИА Агенција

Седумгодишник паднал од тераса во Кавадарци

Кражбите во гостиварскиот регион намалени за половина

Слободен печат

Починато лице пронајдено во камп за бездомници

Слободен печат

Во скопска болница донесено лице во неконтактибилна состојба со пет убодни рани во стомакот

Слободен печат