Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето”, во Античкиот театар во Охрид.

Со концерт посветен на Ана Липша Тофовиќ вечерва отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето”

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето”, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот