Со концерт посветен на Ана Липша Тофовиќ вечерва отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето”

Со концерт посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ вечерва во Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 60-то по ред издание на Фестивалот „Охридско лето”.

Концертот насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша” на верната фестивалска публика ќе и понуди познати светски арии, во изведба на солистите Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.

Свеченото отворање на нашата најреномирана музичко-сценска манифестација и целата фестивалска програма ќе се одржува во сосема поинакви околности, наметнати поради епидемијата на коронавирусот. Јубилејното фестивалско издание за првпат од 1961 година се одржува надвор од вообичаениот термин, од 4 август до 20 септември, со строги придржувања кон протоколите за заштита од ширење на Ковид-19. Од Управата на Фестивалот однапред е нагласено дека независно интересот кај публиката за некоја од понудените содржини, во ниту еден случај нема да биде дозволено пречекорување на однапред предвидениот број седишта.

Прочитајте и...  Русија ја испрати првата серија од вакцината против коронавирусот во Белорусија

Во текот на наредните 28 фестивалски дена на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, Предворјето на „Света Софија”, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници.

Музичката програма на „Охридско лето” годинава содржи 26 концерти, од кои два во фестивалската офф-програма.

Селекторот на музичката програма Даница Стојанова е особено горда што оваа година приоритет е даден на македонски уметници, како потврда дека токму тие се столбот на домашната уметничка вредност. Фестивалот „Охридско лето” веќе го носи реномето за еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметност, на македонските композитори и изведувачи.

На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ од САД, Фукио саксофон квартетот од Шпанија, косовскиот гитарист Петрит Чеку, италијанскиот фелјтист Масимо Мерчели, мецосопранот Викена Каменица од Албанија, Келнскиот гудачки секстет, францускиот обоист Ариан Баке, Дуо Солипс…Несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар од Чешка, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл „Про Арс” со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова – Неделковска, потоа Скопје танцов театар со Рисима Рисимикин, гала оперска вечер под раководство на диригентката Бисера Чадловска, како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од НОБ. Веќе редовни на фестивалот се Вечерите на Музичката младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар”, тука е и вечерта со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев, со нсатапите на Весна Анѓеловска, Маја Шутевска, Љубиша Кировски, Марјан Милошевски, Горан Начевски, Елена Атанасовска, Антоние Весковски, како и уште многу ексклузивни уметнички имиња.

Прочитајте и...  Мајките на породилно бесни што владата е непопустлива

Селекторот на драмската програма Александар Поповски пред самото отворање на Фестивалот истакна дека токму со одржувањето „Охридско лето” во новите околности ја демонстрира важноста на уметноста, важноста на културата.

Драмската програма започнува веќе утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови” на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес. На програмата се уште изведбите на Драмски театар кој ја носи претставата „Чудесна терапија”, претставата „Човек, ѕвер и доблест” со Театар Комедија, премиерата „Полковникот Птица” на Народниот театар од Гостивар, преставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика”, а затворањето на Фестивалот е резервирано за изведбата на „Бог на масакрот” на Турскиот театар од Скопје, кој годинава слави 70-годишен јубилеј.

Прочитајте и...  Лаура Ковеси положи заклетва како прв обвинител на ЕУ

Шестдецениското опстојување и успешниот пат од едновечерен концерт до манифестација со врвен светски уметнички дострел Фестивалот „Охридско лето” ќе го одбележи со промоција на монографијата „Фестивалска приказна” од авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева – Ангеловска.

Прочитај повеќе

Во сообраќајката на патот Штип-Радовиш се повредени 17 припадници на Армијата

Слободен печат

Австријците ја „чувствуваат” короната и во финансиска смисла

Слободен печат

Ниту Газивода, ниту Ујман туку -Езеро Трамп

Илинка Иљоска

Судир меѓу автобус и комби: Прекинат сообраќајот на патот Радовиш-Штип

Слободен печат

Казнети 322 возачи во Скопје, 105 од нив за пречекорена брзина

Слободен печат

Неколку европски земји ги вратија строгите епидемилошки мерки

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бугарија очекува зголемување на бројот на заразени во зимскиот период

Слободен печат

Хрватска: Помалку бучава во кафулињата за луѓето да разговараат безбедно на дистанца

Слободен печат

Како Бугарија ги извезува своите проблеми во Северна Македонија

Слободен печат

Дневен хороскоп за 29 септември: Не се двоумете да преземете некаков ризик

Слободен печат

Министрите денеска ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Слободен печат

САД и Јужна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Слободен печат