Претседателот на турскиот Парламент ја откажа посетата на неговиот шведски колега

Фото: Википедиа

Претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, ја откажа официјалната посета на претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен, на Туркије планирана за 17 јануари.

Остри реакции на Туркије уследија откако приврзаниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ, собрани пред историската зграда на Градското собрание во главниот град Стокхолм, закачија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на столб пред зградата и ја споделија снимката на социјалните мрежи.

-Официјалната посета на претседателот на шведскиот Парламент, Норлен, на Туркије на 17 јануари, е откажана од страна на претседателот на Собранието, Шентоп, по повод терористичкиот акт на организацијата ПКК/ЈПГ против претседателот Реџеп Таип Ердоган и Туркије во Стокхолм, главниот град на Шведска, се наведува во соопштението на турскиот Парламент.

На снимката која се дели на профилите на социјалните мрежи поврзани со терористичката организација ПКК/ЈПГ, можат да се видат и закани упатени кон Туркије и Ердоган.

Финска и Шведска официјално во мај минатата година поднесоа барање за членство во НАТО, напуштајќи го повеќедецениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот