Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро ги разлути сонародниците: Престанете веќе да кукате за пандемијата

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро / Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро им порача на сонародниците да престанат да кукаат поради пандемијата, иако земјата со недели бележи црни рекорди по бројот на заразени и починати лица.

Во Бразил досега починаа најмалку 259.271 лица од последици на коронавирусот, а го „закачија“ 10.7 милиони луѓе. Но, Болсонаро тврди дека ситуацијата не е така лоша.

– Престанете да кукате. Колку уште ќе седите дома, а се же биде затворено? – Никој повеќе не може тоа да го поднесе, порача Болсонаро на собир во Бразил.

Тој изрази жалење за починатите сонародници и додаде дека е „потребно решение“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот