Претседателката на Молдавија за следниот месец повика на масовен проевропски собир

Маја Санду / Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU

Претседателката на Молдавија, Маја Санду ги повика граѓаните идниот месец да се соберат на масовен собир на отворено за да го поддржат нејзиното тежнеење кон европските интеграции.

Молдавија, една од најсиромашните европски земји лоцирана меѓу Украина и Романија, е погодена од руската војна во Украина, која Санду повеќе пати ја осуди.

Оваа земја прими средства од Западот откако Санду ја презеде функцијата во 2020 година со мандат да се бори за соработка и зближување со Европа.

„Да му покажеме на светот дека граѓаните на Молдавија сакаат мир и демократија во својата земја и земјата да стане дел од Европската унија“, рече Санду, пренесува Слободна Европа.

Санди рече дека за нивната иднина е потребна колективна акција.

„Дојде време Молдавците да покажат дека сме народ кој може да ја брани демократијата и мирот. Ние сме Европејци и на Големото народно собрание на 21 мај ќе покажеме дека тоа е патот што го избравме“, рече таа.

Според анкетите, Санду ужива голема поддршка од јавноста, иако Игор Додон, прорускиот поранешен претседател кого таа го победи на изборите во 2020 година, сè уште се смета за нејзин единствен политички ривал.

Молдавија, како и Украина, официјално поднесе барање за членство во Европската унија, процес кој трае со години. Сепак, нејзиниот устав утврдува политика на неутралност која го исклучува членството во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот