Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Скот Морисон
Скот Морисон / Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од здравствени и безбедносни причини и од јавен интерес.

Претходно австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук, ја пофали одлуката на австралискиот Федерален суд, со која се потврди неговата претходна одлука да му ја одземе визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјавувајќи дека одлуката е донесена за да се зачува безбедноста на австралиската заедница.

По едногласната одлука на тричлениот судски совет, Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија и нема да ја брани титулата на Австралија опен.

Одлуката за укинување на визата ја донел министерот за имиграција, Алекс Хоук, бидејќи, според него, присуството на невакциниран играч може да поттикне противење на вакцинацијата против коронавирус, но и поради загриженоста за јавното здравје.

„Како што реков во петокот, Австралијците претрпеа многу жртви за време на оваа пандемија и со право очекуваат исходот од овие жртви да биде заштитен. За време на пандемијата, заедно постигнавме една од најниските стапки на смртност, најсилните економии и најсилните стапки на вакцинација во светот се основни за австралискиот начин на живот, како и за владеењето на правото“, рече Морисон.

„Нашата влада отсекогаш го разбираше ова и беше подготвена да ги преземе одлуките и активностите неопходни за заштита на интегритетот на нашите граници. Му благодарам на Судот за неговото брзо внимание на овие прашања и за трпението на сите вклучени додека работевме на нивно решавање. Сега е време да започнеме со отворена Австралија и да се вратиме на уживањето во тенисот во текот на летото“, додаде Морисон.

Во понеделник во Мелбурн започнува првиот Грен слем турнир во сезоната.

Ѓоковиќ: Крајно сум разочаран, но ја почитувам пресудата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот