Премиер лига: „Црвените“ се газди во Ливерпул! (ВИДЕО)

фото:твитер

Во големото градско дерби во најсилната англиска фудбалска лига Ливерпул на „Енфилд“ го совлада Евертон со 5:2 (4:2) и полека, но сигурно „гази“ кон првата титула во модерното натпреварување.

Еден многу интересен натпревар во Премиер лигата, во „храмот“ на фудбалот за 45 минути видовме дури шест голови, а во второто полувреме само еден погодок.

Ливерпул поведе уште во шестата минута кога Мане му асистираше на Орижи, а овој реализираше за 1:0.

Само 11 минути подоцна „црвените“ ја зголемија предноста, една брза контра и долга топка за Мане по левата страна, успеа да го пронајде Шаќири кој го „матираше“ Пикфорд.

„Карамелите“ се вратија во игра во 21. минута кога Ивоби центрираше, а со многу среќа Кен дојде до топката и стрелаше за 2:1.

Домаќините не застанаа и постигнаа уште два погодоци преку Орижи и Мане, а пред паузата намали Ришарлисон погоди за 4:2. Конечниот епилог го постави холандскиот интернационалец Вијналдум во 90. минута по додавањето на Фирмино.

Во генералниот пласман води Ливерпул со 43 бодови, додека Евертон после деветтиот пораз е на 18. позиција со 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот