Прекин на Интернет предизвика уривање на десетици сајтови и апликации

Фото: Aрхива

Интернет-страници и апликации на десетици финансиски институции, авиокомпании и други компании ширум светот се урнати денеска поради краткотраен прекин на интернет

Многу луѓе во Австралија пријавиле проблеми со пристапот до нивните банкарски апликации, како и проблеми со распоредот на летови. Многу услуги беа достапни повторно по еден час, но компаниите ќе ја испитаат причината за проблемот.

Австралија Пост, банкарските услуги во Австралија, вклучително и веб-страницата на Банка на резерви на Австралија, исто така беа погодени.

Австралиската авиокомпанија објави дека повеќето авиони полетале на време.

Проблеми со функцинирањето пријави и Берзата на Хонг Конг.

Прекините се случија само неколку дена откако беа затворени некои од најголемите веб-страници на светот поради проблеми со софтверот во „Фастли”, друга голема компанија за веб-услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот