Пречистителната станица во Волково за еден месец прочистила 61.428 кубни метри отпадна вода

Фото: Пречистителната станица во Волково

Вкупно 61.428 кубни метри отпадна вода била прочистена во пречистителната станица во Волково во месец септември, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Имено, пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

– ПСОВ Волково е предвидена за 19.500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  септември се пречистени вкупно 61.428м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 4,5 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици…) и 19 08 02 ( отпад од песколовец – песок).  Во Пречистителната станица за отпадни води – Волково  се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во реката Лепенец – стои во месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, септември 2021.

Од ЈП „Водовод и канализација“, меѓу другото, информираат и дека во периодот од 01.09.2021 до 30.09.2021 биле  изработени  анализи на 18 примероци од две мерни места.

–  Направените анализи во месец  септември, 2021 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник – Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година – објаснуваат од ова јавно претпријатие.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот