Прдење у иста тиква

Слушам пред маалска продавница….

Каде е вистината? У на баба ти! А зашто, не знаеме! Нема кој да ја каже! А зашто? Па никој нема чист газ! А зашто? Зашто го заболе за вистината! Е како бе, нели е срамота за државата? Која држава? А бе нашава! Која нашава бе? Оваа што и турско и каурско му вика „тибам државата“? Е таа бе! И? И што и!? И ништо! А бе има ли кој да апси-мапси, да суди, да куди…? Има! Е зашто си го држи и ништо не праи? Е па не му се исплати, ќе го снема преку ноќ! А бе ај! Да бе! И сега, кој е у право, кој е у криво? Вујна ти! Сите се у право и сите се у криво! А Боки – Моки, а Геро – Меро, а СЈО.. а Заев-Маев? А бе ај не бамбури, викни уште едно пиво и не биди ајван!

Ти остај медиуми, они ќе ти го спакуваат тоа како сакаат и дури рука ќе им целиваш! Битно коа ќе дојде време да се гласа на избори ти ќе го продадеш газот за две пива овде пред самопослуга. И за тие две пива што ќе те однесат под мишка да гласаш утре има да ти прават реденка  Боки од 13 – до 113. А ти ждригај овде од пивото и базди на недогрицкана кобасица! ТОА ТИ Е НИВОТО!!!

Сите они прдат у иста тиква. Да имаше некој до сеа муда ќе ја истераше на чисто работата 100 пати. Да имаше некој сериозна намера да ја опраи работата, во ситуација во која државата се тресе, ќе речеше – нема одмори дур не се стабилизира државата! А не да се остаи народ да лае по Фејсбук, а они сите да одат да си ладат муда по Грчки – мрчки! Патриоти! Ј*бали те они!…

А бе ај остај ги пијаниците пред самопослуга тибам аналитичарот!

Ало бе! Па тие ти се „лакмус“ у државава! Тоа е „уживо“ пренос од улица на која рука и бацуваш пред избори, а ја дупиш па растураш!

Не бе! Они си гласаат по своја слободна воља!

ДА БЕ! СО ИСПРАН МОЗАК, гратис гајба пиво, со „обечање лудом радовање“ и понекој бокс ако треба да се убеди дека треба да се гласа за некого доброволно!

Добро ај‘ не тртомуди, кажи сеа ќе ја знаеме ли вистината, аман!

ДА!.. Ама не кога ти ќе сакаш, него кога тоа некому ќе му затреба! Ајде вака! Вистината и те како се знае, ама ја знае само мал број луѓе, се останато е ко на Камени Мост претпоставка „миш бели сречу дели“. Вистината се дозира како на шуруп на кашика за да се нахрани народ дека нешто некој работи. Единствената вистина ја знаат не повеќе од десет души и плејадата по дескови погоре од Топаанско поле кај што на времето циганите славеа Ѓурѓовден па им забраниа после.

Ситуацијата во Македонија е како роман од Сидни Шелдон. Цело време нешто се дешава, сите го бркаат убиецот, а на крај кога веќе ќе треба да се заврши романот, дознаваме дека уствари убицата била особата што цело време била невина како ангел, секое сабајле што ја држела библијата во раце.

А БЕ АМАН! УДАВИ СО ФИЛОЗОФИИ! … биди конкретен!

АЈ! По конкретен здравје! Еве! …

Ситуацијата вештачки се одржува во Македонија! Не се работи за тоа дека не може да се поапси или открие вистината. Проблемот е во тоа што ако комплетната вистина испадне на виделина Македонија има да се распадне ко кула од карти, затоа што нема да остане ниту еден елемент на кој ќе може да му се верува. Не е само да се открие вистина, проблемот е во тоа што откога „спасивме газ“ со Преспанскиот договор со кој Американците рекоа „нека има држава“ целата „говна ситуација“ треба да се изменаџира дур не застане на свои ноги. А до тогаш допрва и ќе се лаже и ќе се краде и ќе се има вошки и ќе се спие по тавани.

Ние одамна сме протекторат, одамна сме само куклен театар. Целиот Балкан е само куклен театар. А народот публика на која по потреба и играш комедија, трагедија или еротика. Еротиката секогаш и секаде ја има, во трите димензии, затоа што ти уствари цело враме вака или така го ј*беш народот. А, замисли – он среќен! Па ј*би го онда, растури го ако сам си го бара..

А бе достааа! Ќе ја знаеме ли вистината!

Секако, ама кога таа ќе биде – потребна! За сега таа не е потребна! Се си има тајминг! Па ќе има избори, па кампања, (тек бомби и тракаташки), Ее-хееее!

До тогаш некој одозгора ќе ја држи државата „на кумплунг“ како кола на семафор, таа ќе те држи тебе, ти мене, ја овој оној,.. и сите ќе се држиме во затворен маѓепсан круг и ќе сибеме мајката еден на друг за туѓи потреби, како што сме го правеле тоа, не денес, него со векови.

АЛООО,.. ВИСТИНАТА ТИ Е ПРЕД НОС АМА ТИ НЕ СМЕЕШ ДА ЈА ПОМИРИСАШ ЗАТОА ШТО НЕКОЈ ИМА ДА ТИ ГО СКРШИ НОСОТ АКО ГО БУТАШ!  КОЈ!?    ….. МОЈ!

Босанците имаат една фраза,.. „ј*бем ли те углааву зелену“,…!

ТИ ТЕКНУЕ!?

…. за две пива – толку!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот