Познато зошто Ливерпул е тивок на трансфер пазарот, идното лето оди на се или ништо со Мбапе

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, досега ја засили конкуренцијата во првиот тим само со Гркот Костас Цимикас.

Ливерпул по пауза од 30 години ја освои титулата во Премиер лигата, но навивачите се разочарани од неактивноста на управата на трансфер пазарот.

За разлика од конкурентите за титулата како Манчестер сити, Челси и Манчестер јунајтед, кои не штедат пари летово, Ливерпул официјално го ангажира само Костас Цимикас кој дојде од Олимпијакос.

До крајот на преодниот рок се очекува на „Енфилд“ да пристигне и Тијаго Алкантара од Баерн Минхен. Одличниот шпански репрезентативец денеска ја одби понудата на Манчестер јунајтед и порача дека е заинтересиран само за трансфер во Ливерпул.

Денеска „Тајмс“ открива зашто Клоп и челниците на Ливерпул се тивки во преодниот рок, тие се подготвуваат за наредното лето кога ќе тргнат на се или ништо по Килијан Мбапе.

Мбапе го шокира ПСЖ, идното лето си заминува и најверојатно се сели во Премиер лигата

Одличниот напаѓач неодамна ги извести челниците на ПСЖ дека нема да потпише нов договор и наредното лето ќе си замине, а медиумите како следна дестинација за Мбапе ја одредија Шпанија и Реал Мадрид.

Но, „Тајмс“ пишува дека идното лето токму Ливерпул ќе биде во пол позиција за потпис со францускиот репрезентативец. „Црвените“ ги задржаа сите ѕвезди кои ја донесоа титулата, но за да дојдат до потписот со Мбапе подготвени се во 2021 година да жртвуваат една од двете големи ѕвезди, Мохамед Салах или Садио Мане.

Имено, Ливерпул е подготвен во Париз да ги испрати Салах или Мане и одредена сума на пари за која се шпекулира дека ќе изнесува најмалку 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот