Мбапе го шокира ПСЖ, идното лето си заминува и најверојатно се сели во Премиер лигата

Французинот има желба да се пресели во „кралскиот“ клуб/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот репрезентативец конечно пресече и најави дека од 2021 година ќе игра во друг дрес, а негова огромна желба е да соработува со Јирген Клоп.

Англискиот „Тајмс“ утрово лансира сензационална вест, а француските медиуми потрдуваат дека Килијан Мбапе размислува за заминување од ПСЖ поради нови предизвици и тоа во Премиер лигата.

„Тајмс“ тврди дека одличниот напаѓач има понуда да потпише нов договор со францускиот шампион, но тој ги шокирал челниците на ПСЖ и им соопштил дека нема намера да остане во Париз. Оваа вест ја потврдија француските медиуми.

Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година и одлучил да ги извести челниците на „светците“ дека сака порано да си замине и ѝ остава простор и време на екипата оваа сезона да најде замена за него.

Според медиумите, Мбапе ја одбил понудата за нов договор кој ќе му гарантира нето годишна плата од неверојатни 40 милиони евра, и сака да си замине од ПСЖ поради спортски причини.

Најновиот развој на настаните со Мбапе го изненади и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој планираше наредното лето да тргне по негов ангажман.

Но, „Тајмс“ и „Паризиен“ известуваат дека Мбапе најверојатно ќе се пресели во Ливерпул бидејќи сака да работи со Јирген Клоп.

Весниците тврдат дека челниците на Ливерпул имале првични контакти со агентите на Мбапе и одлучиле ова лето да не трошат пари за засилувања туку да ги чуваат за наредната година кога ќе се обидат да дојдат до одличниот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот