Познат адвокат покренува иницијатива за промена на името на Украина: На многу нема да им се допаѓа новото име

Познатиот украински адвокат Андреј Федур предложи на Украина да и се врати старото име Рус.

На својот фејсбук профил Федур го критикуваше претседателот Владимир Зеленски кој на почетокот на својата политичка кариера ветуваше промени и преместување на државните органи во нова зграда.

– Само пред една година сегашниот хетман (украински прекар за командант), како дете, сакаше да промени се, дури и местото на својата палата, потсетил тој.

Според зборовите на адвокатот, украинскиот лидер не можел да најде „ништо подобро од музејот на Ленин“.

Publiée par Андрій Федур sur Mercredi 25 janvier 2017

Федур додал дека овој „круг на пеколот“ ќе продолжи се додека не се прекине. Како што тврди адвокатот, патот кон промените е можен само по промена на името на земјата. Тој смета дека во право се оние кои бараат промена на името на Украина во Рус.

Во мај минатата година бившиот амбасадор на Украина во САД, Јуриј Шчербек изјавил дека на неговата држава и го украле името „Рус“, правејќи од него „Русија“.

Рус е прекар за регион во источна Европа. Ова име го носела првата источнословенска држава – Киевска Русија. Подоцна од тоа потекло името го добила Белорусија, како и областите во Царска Русија: Малорусија и Новорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот