Пожарот рапидно се проширил во Нотр Дам поради компјутерски проблем?

Пожарот што го уништи покривот на катедралата Нотр Дам можно е да ескалирал заради компјутерски проблем, изјави официјално лице во истрагата.

Во понеделникот пожарот изби во катедралата и набрзина се прошири во дрвениот покрив, правејќи голема штета на готското здание. Можно е оганот да се проширел толку брзо заради „компјутерски проблем“ со алармот, изјави Патрик Шове.

-Би требало да знаеме што точно се случи за два или три месеци, истакна Шове.

Во меѓувреме официјалните лица предупредуваат на бројни лажни донатори кои собираат пари во име на обнова на Нотр Дам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот