Пожарникари со кран извлекуваа болен од коронавирус од стан во Лондон (ФОТО)

ФОТО: Profimedia

По завршувањето на операцијата, надлежните служби го дезинфицирале местото на настанот и целата опрема.

Необична сцена се одигра во Лондон кога Итната помош, полицијата и пожарникарите морале со кран да извлекуваат пациент, за кој се сомневале дека е заразен од коронавирус, од една зграда во Шепардс Буш.

Пожарникатите биле во полна опрема и со гас – маски за да не вдишуваат никакви заразни материјали кои се пренесуваат преку воздух.

ФОТО: Profimedia

Бидејќи пациентот живее во двокатница, одлучено е од станот да се извлече со кран и потоа да се префрли во болница. Улицата била затворена за сообраќај околу два часа.

По завршувањето на операцијата, надлежните служби го дезинфицирале местото на настанот и целата опрема.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот