ПОЖАРИТЕ ВО ИНДИЈА ДОВЕДОА ДО СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: 20 ученици загинаа скокајќи од запалена зграда (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Големи пожари денеска ја зафатија Индија, а зафатиле и едно училиште во кое се случила вистинска трагедија.

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава.

Како што јавуваат медиумите, станува збор за ученици на возраст од 14 до 17 години кои загинале при обид да се спасат од големиот пожар која ја зафатил четирикатницата, во која има и шопинг центар во индискиот град Сурат, во државата Гуџарат.

Од владата на Индија најавија финансиска помош за семејствата на настраданите момчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот