Повторно рестрикции во водоснабдувањето за сите потрошувачи во Тетово

Тетово / Фото: МИА

Јавното комунално претријатие „Тетово” воведува рестрикции во водоснабдувањето за потрошувачи во два термини, за што сметаат дека ќе овозможи еднакво опслужување со вода за пиење откако одредени делови од градот изминатиов период се соочија со повеќечасовни прекини во снабдувањето. Од таму како причина ја наведуваат намалената издашност на водата од планинските извори.

– Ги информираме граѓаните дека како последица од намалување на производството на водата за пиење од изворите на Попова Шапка и Лешница, имаме намалување на количината на водата за пиење во водоводниот систем. Моменталната количина на водата за пиење е 280л/с, која моментално не е доволна за непречено снабдување со вода на градот. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, ЈКП ТЕТОВО Тетово ќе почне со рестрикција на водата за пиење од 13:30 до 16:30 часот и од 22.30 до 1.30. Поради оваа бараме разбирање од страна на граѓаните со уверување дека многу брзо овој проблем ќе се реши, информираа денеска од ЈКП Тетово.

Поради дефект на новиот водоснабдителен систем на 24 февруари беа воведени рестрикции во три периоди од денот со вкупно траење од 11 часа и 30 минути. Овие рестрикции траеја десетина дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот