ПОВТОРНО ДРАМА ПРЕД ЕЛ КЛАСИКО: Полицијата не може да им ја гарантира безбедноста на „кралевите“

EPA/JUANJO MARTIN

Најочекуваниот фудбалски натпревар, популарното Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид повторно е под знак прашалник. Дербито помеѓу двата шпански гиганти веќе еднаш беше одложено поради политичките тензии во Каталонија, а новиот термин е 18 декември, но како се наближува денот на одигрување на натпреварот, така се зголемуваат шансите за ново одложување.

Шпанија има свое Министерство за внатрешни работи, полициски сили задолжени за ред, мир и безбедност во државата, но и Каталонија има своја автономна полиција „Mossos d’Esquadra“ која на територијата на покраината ги врши должностите и на шпанската полиција и на цивилната гарда.

Токму каталонската полиција денеска на насловната страница на „Марка“ му порачаа на Реал Мадрид:
„Почитувани, во Барселона никој не може да ви ја гарантира безбедноста!“.

За полицијата најкритично би било движењето на фудбалерите на Реал од аеродромот во Барселона до хотелот, а потоа и од хотелот до „Камп Ноу“. Полицијата стравува дека за 10-тина дена повторно ќе се интензивираат протестите во Барселона и нема да можат да конторлираат маса од неколку десетини илјади луѓе.

Челниците на Реал Мадрид ја разгледуваат и опцијата да пристигнат во Барселона на денот на одигрување на натпреварот, но и за оваа опција засега немаат гаранции за безбедноста.

Граѓаните на Барселона масовно протестираа низ улиците на градот барајќи ослободување на затворените каталонски службеници, а бидејќи Ел Класико е дуел помеѓу каталонската и шпанската гордост, каталонската полиција стравува од интензивирање на немирите токму на 18 декември.

Засега постојат две опции за да се осигура безбедноста на фудбалерите на Реал Мадрид, едната е да се затвори една лента од коловизот од аеродромот со хотелот во кој ќе бидат фудбалерите, а другата е да биде поставен кордон од полиција и гарда на целата траса по која ќе минува автобусот со гостинските играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот