Повредени четири момчиња во Штип

Фото: mia.mk

Вчера во 7.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци – Штип, во близина на надвозникот за с.Криви Дол, патничко возило „бмв 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(22) од Скопје излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот и уште тројца сопатници А.Б.(21), С.А.(24) и З.Е.(22), сите од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот