Потврдија агентот и Клоп: Салах не оди во Саудиска Арабија

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL

Eгипетскиот фудбалер Мохамед Салах во претходните денови се најде во центарот на вниманието поради наводниот интерес од Ал Итихад, меѓутоа од тоа нема да има ништо.

Пишувањата на бројните светски медиуми ги демантираа агентот на фудбалерот и стратегот на Ливерпул, Јирген Клoп.

„Мохамед Салах останува посветен на Ливерпул. Ако разгледувавме заминување од „Енфилд“, немаше да потпишеме нов договор“, објави агентот на Рами Абас на неговиот твитер профил.

Сличен беше ставот и на Јирген Клоп.

„Нема официјална понуда за Салах. Мо е наш играч и важен дел од тимот. Ако се појави понуда нашиот одговор ќе биде „не“. Салах е целосно посвете нна Ливерпул и таа тема за нас е затворена“, изјави Клоп.

По ова е јасно дека Салах и во наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Ливерпул кој викендов го чека тежок натпревар против Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот