Потврдена причината за смртта на американската раперка која почина на 25 години

Instagram

Американската раперка Чајна почина пред неколку дена на 25-годишна возраст, а нејзиното семејство го потврди тоа преку музичкиот менаџер. Полицијата сега откри дека причина за смртта на младата раперка е случајно предозирање, пишува Мирор.

Музичката ѕвезда беше пронајдена во својот стан во Филаделфија, а докторите брзо стигнале во нејзиниот стан и по обидите за реанимација можеле само да констатираат смрт.

По обдукцијата, Заводот за јавно здравје во Филаделфија потврди дека причина за смртта било предозирање со наркотици, а смртта е заведена како случајна.

Чајна пред неколку години јавно зборуваше за своите пороци и борбата со наркотиците, а во 2017 година дури објави дека е „чиста“ три години, односно дека три години не консумирала наркотици.

View this post on Instagram

first selfies of the decade ?

A post shared by Chynna (@chizzyano) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот