Потрес почувствуван вечерва во Битола, епицентарот е кај Лерин

Фото: МИА

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала и интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка, вечерва околу 22 часот е почувствуван во Битола и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е 125 километри југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

Според веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот имал епицентар на 6 километри северно од Лерин, во правец кон македонската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот