Потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија и политичките партии

Ефтимов рече дека овој документ нема инстантно да го спаси образованието со оглед на катастрофалната состојба во која се наоѓа, но конечно ќе отпочне процес на вистински и сериозни реформи кои се многу потребни.

Во Паркот на новинарите денеска беше потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј”, „Мајка Тереза”, „Климент Охридски” и „Гоце Делчев” и претставници на политичките партии од СДСМ и Коалиција Можеме, ДОМ, ВМРО ДПМНЕ – Коалиција Обнова за Македонија, ДПА, Македонски концепт и Глас за Македонија.

Од Универзитетското студентско собрание на УКИМ информираат дека причина за организирањето на ваков собир е катастрофалната ситуација во која се наоѓа високото образование.

– Потребата од потпишување на декларацијата доаѓа од деценискoто отсуството на политичка волја за сериозни реформи во образованието. ,,Образованието е темелот на едно општестно и не смееме да дозволиме истото да се уништува само поради некадарност во политичките партии или уште полошо, да дозволиме образованието да биде жртва на коалициски трговии – изјави Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Прочитајте и...  Грција има регистрирано речиси 1.000 нови случаи на коронавирус во рок од една недела

Тој рече дека овој документ нема инстантно да го спаси образованието со оглед на катастрофалната состојба во која се наоѓа, но конечно ќе отпочне процес на вистински и сериозни реформи кои се многу потребни.

– Државата мора да се фокусира на државното образование и неговиот спас бидејќи само преку инвестиции во јавниот образовен систем може да обезбедиме напредок на општеството, но и еднакви можности за секоја индивидуа, без разлика на социјалната положба. Ние студентите, сме желни за промени во образованието, доста беше од препишани и пропаднати реформи. Време е да го прекинеме синџирот на лоши реформи и апатични министри и да се издигнеме образованието на повисоко ниво. Македонија има квалитетни студенти, желни за работа и за надоградување, дозволете им да се надоградуваат дома, во својата земја – истакна Ефтимов.

Прочитајте и...  Казнети 392 граѓани за неносење маски

Декларацијата за млади, образование и иднината ја потпишаа претставници на шест партии: Дарко Каевски од СДСМ – Коалиција Можеме, Никола Димитров од СДСМ – Коалиција Можеме, Маја Морачанин од ДОМ – Коалиција Можеме, Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ – Обнова на Македонија, Синиша Стојановски од ВМРО – ДПМНЕ Обнова на Македонија, Љупчо Божиновски од Македонски концепт, Висар Палоши од ДПА, Татјана Гогоска од Глас за Македонија.

Прочитај повеќе

На кои други места се чува супстанција што го разори пристаништето во Бејрут: Треба ли да се плашат овие земји?

Слободен печат

Албанија: Најмногу новозаразени, но и оздравени во едно деноноќие досега

Слободен печат

Костадинов: Во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и владина коалиција

Слободен печат

Во Велика Британија драстичен пад на бројот на вработени

Слободен печат

Одлуки од владина седница: Усвоен планот на МОН за настава, НАТО вежба на Криволак, испраќање војници на воени вежби во Германија и Романија

Слободен печат

Според извршниот директор на „Њујорк Тајмс” печатените медиумите ќе згаснат за 20 години

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Со владина одлука дозволена е 75% исполнетост на капацитетите на меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз

Слободен печат

Трамп: После пандемијата се влошија односите со кинескиот претседател

Слободен печат

Русија во преговори со СЗО за можна проверка на руската вакцина против ковид-19

Слободен печат

Операција „Кловнови“: Уапсени девет лица во врска со екстремни злосторства во Словачка

Слободен печат

Нема промена од Грција за отворање на копнените граници

Слободен печат

Филипче: Ја чекаме дефинитивната листа на 24 имиња, суштински е различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово

Слободен печат