Потпишан нов договор, Јордан ќе биде снабден со двојно повеќе вода од Израел

Водоснабдување во Јордан/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел и Јордан денеска потпишаа договор за двојно зголемување на количината на вода што ја обезбедува еврејската држава за Јордан, една од земјите со најголем дефицит на вода во светот, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелската министерка за енергетика Карин Елхарар оцени дека договорот е доказ за желбата за добрососедски односи. Таа отпатува за Јордан на церемонијата на потпишување, и врз основа на договорот постигнат на почетокот на јули, Израел ќе му продава 50 милиони кубни метри вода годишно на Јордан, покрај оние 55 милиони кубни метри кои веќе се обезбедени бесплатно.

„Тоа е најголемата продажба на вода во историјата меѓу двете земји и договорот „го одразува растечкото разбирање дека климатската криза, која веќе тешко го погодува регионот, мора да доведе на поголема соработка“, наведе израерлскиот директор на невладината Екомир Блиски Исток, Гидеон Бромберг.

Јордан се соочува со екстремни суши и соработката во снабдувањето со вода со Израел му претходеше на мировниот договор меѓу двете земји во 1994 година.

Израел е светска лидер во десалинизација и може да продаде повеќе од тие ресурси на својот сосед без да ја загрози домашната побарувачка

Израел ќе го снабдува Јордан со вода од Галилејското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот