Потпишан финален договор за транзит на руски гас низ Украина

Гасовод/ Фото Архива на Слободен печат

Британските медиуми пренесуваат дека договорот е потпишан само 24 часа пред истекот на претходниот договор за транзит на руски гас.

Руските и украинските компании потпишаа финален петгодишен договор со кој гарантираат дека транзитот на руски гас за Европа ќе минува низ Украина, соопштија руската државна компанија „Газпром“ и украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Британските медиуми пренесуваат дека договорот е потпишан само 24 часа пред истекот на претходниот договор за транзит на руски гас.

Британските медиуми додаваат дека договорот е постигнат по петдневни тешки преговори на двете страни и по состанокот на Зеленски со рускиот претседател Владимир Путин, претходно овој месец.

-По пет дена непрекинати билатерални разговори во Виена, донесена е  конечната одлука и постигнат е конечен договор, соопшти генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

Зеленски изрази задоволство од постигнатиот договор, додавајќи дека договорот со Русија може да биде продолжен за дополнителни 10 години.

– Европа знае дека нема да застанеме кога е во прашање енергетската безбедност, порача Зеленски на Фејсбук, додавајќи дека Украина од петгодишниот договор ќе има добивка од најмалку седум милијарди американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот