Потонала педалинка на Охридското Езеро, три лица од Гостивар успеале да се извлечат неповредени

Фото: Архива СП

Секторот за внатрешни работи од Охрид соопшти за инцидент што викендов се случил на Охридското Езеро, што минал без повредени лица.

Станува збор за инцидент кој се случил на 31 август, кога потонала педалинка што за рекреација ја изнајмиле три млади лица од Гостивар.

Имено, во 14.15 часот 21-годишно лице од Гостивар пријавило дека околу 13.10 часот педалинката што заедно со уште две лица исто така од Гостивар ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото, почнала да тоне на оддалеченост од триесеттина метри од брегот. Притоа двете лица испливале на брегот, а лицето што го пријавило случајот во полиција со помош на лица од друга педалинка што била во близина било префрлен на брегот.

На местото на настанот е извршен увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот