Потегот на Џака со кој ги разгневи навивачите на Арсенал (ВИДЕО)

twitter/Arsenal FC News

Капитенот на Арсенал, Гранит Џака со потегот на натпреварот против Кристал Палас се чини дека си ја запечати иднината во лондонскиот тим.

Навивачите не се задоволни од игрите кои ги прикажува швајцарскиот репрезентативец, а очајно играше и против Кристал Палас. Поради тоа, тренерот Унаи Емери одлучи во 61. минута да го извади од игра, а неговото излегување беше проследено со свирежи и негодувања од домашните навивачи.

Тој негодуваше поради таквиот однос, а откако го напушти теренот, веднаш го соблече дресот притоа порачувајќи им на навивачите „е*ете се“.
Потегот на Џака погледнете го на следниот ЛИНК.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот