Последниот ден од годината ќе почне со магла, ќе заврши со сонце

Утре претпладне во одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, прогнозираат синоптичарите.

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во наредните денови, ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот