После повредата на филмскиот сет, Хали Бери полека заздравува! (ФОТО)

Profimedia
Фотографија: Profimedia

Хали Бери (52) неодамна се повреди за време на снимањето на фимот „Bruised“, но се чувствува подобро.

„Хели малку се повреди за време на борбата. Уморна е. Треба да одмори“, рекол извршниот продуцент Брајан Пит на почетокот на неделава. Одбраната локација на боксирачкиот ринг и теретаната сега сигурно ќе бидат заменети поради “достапност и прилагодување на актерите“.

Секогаш одлично расположената актерка се огласи и на друштвените мрежи.

„Ви благодарам на сите кои ми искажавте љубов после повредата. Тоа е дел од текот и патот кога сам ги изведуваш stunt сцените. Не сакам да го променам тоа“, рекла таа.

„Само да знаете дека далеку сум од заморот. Многу сум будна и тек почнувам“, најавила таа со борбена фотографија од филмот.

Познатата актерка ја режира и игра главната улога во спортската драма за MMA натпреварувачка, на која 6-годишниот син Мени ѝ се враќа во дом. Пред Џеки се нови борби и кариерни предизвици. Сценариото за драмата го напишала Мишел Росенфарб, а медиумите истакнуваат дека Бери собрала некој од членовите на франшизата „Џон Вик“, кои се задолжени за кореографијата на борбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот