После девет месеци Ериксен се враќа во репрезентацијата на Данска

Кристијан Ериксен колабираше за време на Евро 2020 по што му беше вграден дефибрилатор/ фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Кристијан Ериксен повторно ќе игра за репрезентацијата на Данска, официјално денеска објави тамошната фудбалска федерација.

Ериксен (30) се наоѓа на списокот репрезентативци, се враќа после девет месеци откако на Европското првенство лани доживеа срцев удар на натпреварот против Финска.

Тој се врати на терените во февруари во својот нов клуб Брентфорд кој настапува во англиската Премиер лига.

Убава вест: Кристијан Ериксен се врати на терените

Се очекува поранешниот член на Интер, да игра на пријателските дуели против Холандија на 26 и против Србија на 29 март.

За најдобрата данска репрезентација во кариерата запиша досега 36 голови во 109 настапи.

Ериксен: По сè што поминав, јас сум среќен човек

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

ФОТО | Која е партнерката на Кристијан Ериксен: Жената која се откажа од својата кариера за да биде најлојална поддршка на славниот фудбалер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот