ФОТО | Која е партнерката на Кристијан Ериксен: Жената која се откажа од својата кариера за да биде најлојална поддршка на славниот фудбалер

epa-efe
epa+instagram

Светот за момент застана од шок кога фудбалерот Кристијан Ериксен се сруши на теренот во саботата за време на отварањето на Европското првенство на дуелот на Данска против Финска.

За неговата сакана Сабрина Квист Јенсен, која го следеше натпреварот од трибините и буквално ги прескокна бариерите на фудбалскиот терен за да дотрча до него – тоа беше момент на чист терор.

epa-efe
EPA-EFE

Данскиот професионален фудбалер Кристијан Ериксен стана познат ширум светот откако стана член на тимови како „Интер“ и „Тотенхем“. Сепак, фудбалската ѕвезда отсекогаш остана прилично повлечен кога станува збор за неговиот личен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Ериксен е во брак со Сабрина Квист, а парот има две деца заедно. 26-годишната Сабрина која е покрај славниот фудбалер веќе девет години, го пропатува целиот свет за време на неговата фудбалска кариера, а сега била покрај него и кога се разбудил во болница.

Сабрина го „жртвувала“ својот живот во Данска за да се пресели во Лондон, откажувајќи се од својата професионална фризерска кариера кога 29-годишниот Кристијан во 2013 година потпишал за „Тотенхем“.

epa-efe
EPA-EFE

Откако почнала да се привикнува на животот во Лондон и оформила блиско пријателство со сопругата на Хари Кејн, Кети Вудланд, тие повторно морале да се селат, овојпат во Италија кога минатата година Ериксен потпиша договор со фудбалскиот клуб „Интер“.

Двојката, која се запознала кога Сабрина имала само 18 години, приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста, уживајќи го тивки вечери со пријателите. Тие во последните неколку години имаа романтични патувања во Дубаи, Танзанија и Малезија, а имаа чест и да го запознаат данското кралско семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Додека другите партнерки на познатите фудбалери поголемиот дел од времето го поминуваат во козметички салони и купуваат во дизајнерски продавници, Сабрина продолжи да живее нормален и поповлечен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Во декември 2017 година, Ериксен на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави дека тој и Сабрина го очекуваат своето прво заедничко дете. Првиот син на парот се роди следното лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Двојката го поздрави доаѓањето на своето второ дете во декември, а веста повторно ја потврди Ериксен на својот инстаграм-профил велејќи дека веќе се четиричлено семејство, пишува „Metro“.

Што е следно за Кристијан Ериксен?

ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА: Овој соиграч му го спаси животот на Кристијан Ериксен! И не само тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот