Посебни кредитни линии за производните компании бара ССК

ССК, лого/Фото: Архива на Слободен печат

финансиската поддрша ќе овозможи силен развој, поголема продуктивност и профитабилност на фирмите, зголемување на платите, а со тоа и задржување на вработените во земјава.

Државата треба да ги субвенционира производно-извозните компании на кои отпаѓаат само 15 проценти од вкупниот бизнис сектор и на кои се надоврзуваат останатите фирми насочени главно кон услужни дејности.

Сојузот на стопански комори смета дека финансиската поддрша ќе овозможи силен развој, поголема продуктивност и профитабилност на фирмите, зголемување на платите, а со тоа и задржување на вработените тука, во земјава.

-За производните компании кои создаваат реална вредност во земјава треба да има посебни кредитни линии со минимални каматни стапки од еден отсто и со рокови на отплата од 20, 25 па и 30 години, истакна денеска на прес-конференција заменик-претседателот на Агробизнис комората при ССК, Горан Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот