Поразот од Баерн ги отрезни „сините“: Шут-карта за осум играчи и 300 милиони евра за нови засилувања

Челси со убедливи 0:3 е поразен од Баерн Минхен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, во вторникот се увери дека „сините“ не се доволно добри како во Премиер лигата, така и во Лигата на шампионите и поради тоа ќе му дозволи на менаџерот Френк Лампард да направи комплетна реконструкција на екипата.

Лампард за следната сезона не смета на дури осум фудбалери и поради тоа „сините“ на лето ќе бидат како супермаркет.

Прв на листата за отстрел е најскапиот светски голман, Кепа кој беше платен 80 милиони евра. Лампард идната сезона нема да смета ниту на услугите на Микел Алонсо и Емерсон кои имаат понуди од Серија А, а од „Стемфорд бриџ“ ќе си заминат уште и Курт Зума, Вилијан, Педро, Оливие Жиру на кои им истекуваат договорите и се слободни да бараат нов клуб.
Исто така се очекува и заминување на Жоргињо, како и на Рос Баркли доколку пристигне вистинска понуда.

Што се однесува до засилувањата, едно е веќе обезбедено. Челси на Ајакс му плати 40 милиони евра за Хаким Зијех, а Абрамович на лето ќе потроши дополнителни 300 милиони евра за три екстра засилувања.

Нов играч во одбраната се очекува да биде и Бен Чилдвел од Лестер, а идеалното решение за голманската позиција, Лампард го гледа во голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Последна но и најголема желба на Лампард е англискиот репрезентативец кој настапува за Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот