Пораз од десет разлика, Македонија разочара против Холандија

Фото: МИА

Македонската ракометна репрезентација претрпе убедлив пораз и во вториот натпревар на Светското првенство. Холандија денес беше подобра од нашата репрезентација и славеше победа со десет разлика од 24:34.

Се обидовме, но очигледно беше дека не можеме да ја следиме таа брза игра на Холанѓаните со многу трчање. Одбраната и денес не беше на нивото, па во таква ситуација и не можевме да се надеваме на позитивен исход.

Нашите најдобри моменти беа почетните кога на трипати имавме водство од 1:0, 2:1 и 3:2. Во продолжение од натпреварот ниту еднаш не стигнавме ниту до изедначување. Немавме решение за холандската одбрана и одличниот Равенсберг, додека Смитс и Стеинс беа незапирливи за нас. Со неколку кратки серии од кои најдолгата беше 4:0 (на двапати) Холандија дојде до високи 11:18 на полувремето.

Се обидовме нешто на почетокот на вториот дел, но само дојдовме до минус четири (17:21) повеќе не можевме. Следуваше едно исклучување на Филип Талески по кое предноста на Холандија повторно почна да расте за конечни на крајот 24:34.

Последниот натпревар од оваа прва фаза го играме во вторник против Аргентина исто така од 18:00 часот. Иако имаме два порази се уште се надеваме и имаме шанса за пласман во следната фаза, но ако тоа се случи ќе биде без да пренесеме бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот