Порастот на заразени со Ковид-19 во некои земји предизвика загриженост во ЕУ

Шефицата за здравство на ЕУ, Стела Кириакидес изрази загриженост поради порастот на бројот на заразени лица со коронавирус во неколку европски земји, пред се предизвикано од „самоволието” на јавноста која не ги почитува правилата за лична хигиена.

Кириакидес истакна денеска дека и на нејзиниот роден Кипар постои загриженост поради локалното ширење на инфекцијата.

Според неа, тоа покажува дека дел од популацијата не ги почитува здравствените и безбедносни протоколи и може да се случи драстично зголемување на заразени случаи.

Кириакидес разговараше со кипарскиот министер за здравство, запознавајќи го со напорите дека сите членки на ЕУ се снабдуваат со лекот „ремдесивир”.

Сите 27 земји членки на ЕУ поднесоа барање за лекот, а постапката за набавка ќе започне веднаш, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот