Пораст на температурите и врнежи в четврток и петок, УХМР најавува снег и северен ветер во сабота

дожд скопе
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

УХМР најавува врнежи и пораст на температурите в четврток и петок. Како што информира, врнежите ќе бидат од дожд и повремени, а ќе дува и засилен јужен ветер.

Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота, врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.

Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и во повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно во утринските часови со слаб дожд. ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и температура од -2 до 5 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот