Пораншениот австралиски премиер објави слика од авионска карта, го хакираа за само 45 минути

epa07978981 Former prime minister Tony Abbott speaks during his tribute dinner at the Miramare Gardens in Sydney, New South Wales, Australia, 07 November 2019. EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Поранешниот австралиски премиер Тони Абот е хакиран откако на Инстаграм објави слика од својата авионска карта, јавува Би Би Си.

Хакирањето се случило во март, а хакерот Алекс Хоуп вели дека неговите податоци ги открил за само 45 минути. После тоа со месеци се обидувал да стапи во контакт со Абот за да ги предупреди за нарушувањето на приватноста.

„Го имав само бројот на пасошот на Тони Абот, телефонски број и чудните пораки на Кантас за него. Единствено јас знаев што имам. Секој кој ја видел неговата објава на Инстаграм исто така може да ги земе тие податоци. Морав ова да му го објаснам на некого“, вели Хоуп.

Кантас, авиокомпанијата со која Абот патувал, ги ажурирала своите протоколи за кибер безбедност.

Абот објави слика од својата авионска карта за летот од Сиднеј за Токио за 21 март.

Портпаролот на Абот рече дека Хоуп го свртел вниманието на јавноста на важни работи, а Кантас вели дека проблемот е решен во јули.

„Нашиот стандарден совет до купувачите е да не ги објавуваат сликите од своите картички за влез во авионот или барем да ги скријат клучните лични податоци“, рекоа од Кантас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот