Поранешните вардарци на цена, Србија за прв пат во историјата ќе добие селектор-странец

Тренерот на Веспрем и поранешен тренер на женскиот тим на Вардар и асистент на Раул Гонзалес е фаворит за испразнетото селекторско столче во репрезентација на Србија.

Според весникот „Журнал“, првиот човек на ракометната федерација на Србија, Божидар Ѓурковиќ и потпретседателот Драган Скршиќ, се подготвени за радикален чекор, да ангажираат странец за селектор.

Тие сакаат да ангажираат селектор над кој никој нема да никакво влијание, а кој е доволно стручен да направи резултат.

Изборот падна на Давид Дејвис, тренерот на унгарскиот Веспрем, кој нбеколку години беше дел од Вардар.

Дејвис во Вардар дојде како помошник на Раул Гонзалес во машкиот тим, а потоа и го предводеше женскиот тим на Вардар на два настапи на фајналфор турнирот. Дејвис веќе има селекторско искуство, ги предводеше селекциите на Русија и Египет.

Покрај Дејвис, останати кандидати за селекторската функција се и екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, Антонио Карлос Ортега и Чави Сабате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот