Поранешниот топ-модел ја откри ТАЈНАТА за нозе без целулит (ФОТО)

ел макферсон
Фото Профимедиа

Поранешниот топ-модел Ел Макферсон и на 55-годишна возраст гордо го носи прекарот „телото“ и дефинитивно може да им одржи лекција на своите помлади колешки во врска со одржувањето на младоликиот и беспрекорен изглед.

Нејзините тајни со години се истите: таа практикува винјаса јога, спие најмалку по седум часа, но не повеќе од осум, пие вода и посетува инфрацрвена сауна. Но, како што и самата тврди, најдобри резултати постигнала откако започнала со алкална исхрана. Претходно консумирала и шеќер, сол и пченично брашно, но откако е на алкална исхрана, од 2017 година, нејзините нозе веќе никогаш не покажале знаци на целулит.

Исто така, практикува и најмалку еднаш во неделата да вежба во природа, да лежи на под и да ги истегнува нозете на ѕид. Се тушира наизменично со топла и ладна вода, а двапати месечно практикува и антицелулитен пилинг.

Често применува ароматерапија од лаванда и камилица, а против „тешките“ стапала се бори со магнезиумски купки за педикир.

Фото Профимедиа

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот