Поранешниот германски селектор е најголема желба на Лапорта за наследник на Чави?

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Чави Ернандез ја изненади Барселона со објавата дека ќе замине на крајот од сезоната, а медиумите веднаш започнаа со шпекулациите кој би бил негов наследник.

Според последните информации од германски „Билд“ Лапорта веќе го избрал новиот тренер.

Новинарот Кристијан Фалк кој најчесто е добро упатен кога во прашање се Германците во фудбалот, тврди дека прва мета за Лапорта е екс-селекторот на Германија, Ханси Флик.

Претходно се шпекулираше дека Јирген Клоп кој го напушти Ливерпул е желба на Барселона и Лапорта, меѓутоа сега информациите се поинакви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот