Поранешен затвореник во Гвантанамо ќе биде министер за одбрана на Авганистан

Талибанци во Авганистан / Фото: AFP / AFP / Profimedia

Поранешниот затвореник од Гвантанамо, Абдул Кајум Закир е назначен од радикалното талибанско движење за министер за одбрана на земјата, пренесува ТАС.

Закир е еден од главните теренски команданти на талибанците, кој извршува борбени задачи и води радикални борци. По почетокот на американските и западните воени операции во Авганистан (2001-2014), тој започна да учествува во битките на страната на движењето. Американските војници го уапсија и го затворија во базата Баграм, од каде подоцна беше префрлен во Гвантанамо. По ослободувањето, тој повторно им се придружи на талибанците.

Движењето назначи вршители на должност раководители на неколку министерства и сектори.

Според авганистанската агенција Пажвок, Садр Ибрахим е назначен за министер за внатрешни работи, Ѓул Ага за министер за финансии, а Наџибула ќе биде вршител на должноста шеф на разузнавањето. Движењето назначи свои претставници и за министри за образование и гувернер на главниот град на земјата, Кабул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот