Поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ му удрил бокс на доктор од Итната помош Радовиш и му ја скршил врамената лиценца од Лекарската Комора

Стетоскоп / фото: Слободен печаат, архива

Поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ вчера во вечерните часови влегол во просториите на Итната помош Радовиш, каде му удрил бокс на доктор Х.Е. Претходниот ден, екс пратеникот го барал докторот на работа, но бидејќи не го нашол, му ја скршил врамената лиценца од Лекарската Комора.

-На 6 февруари тој дојде со мајка му кај мене на смена. Ја прегледав пациентката и дадов терапија. Немаше ништо животозагрозувачко. И дадов препорака ако се чувствува влошено, да дојде повторно или да се јави на матичен лекар. Отишле утредента на матичен лекар, од каде била упатена да направи испитувања. Денеска се слушнав со матичната лекарка, не се вратиле со резултатите кај неа. Пациентката починала 24 часа после мојот преглед. Тој дошол на ноќната смена во лекарската соба, кога јас не сум бил на работа, ми ја искршил лиценцата и ја исплашил колешката. Не го пријавивме, сметавме дека е во афект и во болка. Но, вчера во 19 часот вечерта, влезе кај мене на работа се доближи без збор и ми удри бокс, изјави за Слободен печат доктор Х.Е.

МВР информира дека 36 годишниот лекар Х.Е од итната медицинска помош во Радовиш пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом додека бил на работнотно место бил физички нападнат од  педесет и тригодишниот Т.Д. од Радовиш. Како што соопштија од СВР Струмица денеска во просториите на полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.  Со настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Докторот Х.Е. за Слободен печат рече дека ќе поведе и приватна постапка за претрпените повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот