Поранешен министер на Република Српска уапсен за злоставување дете

Полицијата на Република Српска привела поранешен министер во Владата на РС осомничен за сексуално злоставување малолетно девојче (11) од Бања Лука.

Според локалните медиуми, се работи за поранешниот министер за образование Ненад Сузиќ (69) од Бања Лука, кој се сомничи дека сексуално злоставувал девојче подолг период со тоа што ја допирал по разни делови на телото и и велел дека не смее никому да каже.

Случајот го пријавило основното училиште во кое оди девојчето, по што Сузиќ веднаш е приведен.

Бањалучката полиција соопшти дека е уапсен Н.С. од Бања Лука, по сомневање за извршени кривични дела од областа на сексуално злоставување и искористување дете и оти е спроведен во Окружното јавно обвинителство на Бања Лука.

Како што се наведува, Сузиќ работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Бања Лука, на предметите општа педагогија и методика на воспитно-образовната работа.

Член е на Српската академија за образование и Руската академија за социјални и педагошки науки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот