Поранешен фудбалер на Левски и на Ботев, предизвикал сообраќајна несреќа во Софија во која загинале две девојки

принтскрин/nova.bg

Поранешниот бугарски фудбалер (35) Георги Семерџиев вчера вечерта во Софија предизвикал сообраќајна несреќа во која загинале две девојки, а тој избегал од местото на несреќата, пренесува бугарската телевизија Нова.

Полицијата веднаш објави потерница по Семерџиев кој порано има играно за Хебер Пазарџик, Вихрен, Родопа, Ботев, Спортист Своге, а во младинските категории има играно за Левски, објави Нова.

Несреќата се случила нешто по 23 часот на крстосницата меѓу булеварите „Свети Наум“ и „Черни врх“ во Софија, во близина на метро станицата „Европска унија“, кога се судриле џип Ауди Ку7 и такси возило, при што џипот со голема брзина поминал на црвено светло и при судирот животот го загубиле две девојки кои минувале на тротоарот.

– Знаеме кој е возачот. Има повеќе од 50 сообраќајни прекршоци. Истото лице го управувало автомобилот со лажни регистарски таблички. Има софиска регистрација, а во моментот на ударот табличката била германска. Во автомобилот било пронајдено сино предупредувачко светло и полициска палка.  Загинаа две млади девојки на 22 и 26 години, кои чекаа на тротоарот. Од самиот удар автомобилот се подели на два дела, едната половина поминува од внатрешноста на пешачката зона и ги однесува” девојките – изјави началникот на софиската сообраќајна полиција, Тенчо Тенев.

Во несреќата повредени биле уште неколку лица, меѓу кои и 52-годишениот таксист кој се здобил со повреда на главата. Тој бил прегледан од екипите на итната помош, но одбил хоспитализација. Возачот на автомобилот, поранешниот фудбалер Семерџиев, кој ја предизвикал несреќата, заедно со сопатникот избегале од местото на несреќата.Полицијата извршила претрес во неговиот дом но не успеала да го пронајде.

Семерџиев и е добро познат на софиската полиција бидејќи во 2010 година го привела како дел од истрагата за малверзации во лотаријата, а бил осомничен и во истрага за нелегална дистрибуција на лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот