Поради ширење на ковид Хонг Конг ќе убие стотици хрчаци

Продавница за домашни миленици во Хонг Конг каде се шири ковид меѓу хрчаци/ Фото EPA-EFE/JEROME FAVRE

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, предупреди дека ширењето на коронавирусот може да се зголеми во еден дел од градот поради заразените хрчаци кои се продаваат во продавница за домашни миленици.

Серија на инфекции со делта сојот се поврзани со работник во продавница за миленичиња, што ги натера градските власти да ги тестираат хрчаци.

Хрчаците ќе бидат еутаназирани

Некои од животните биле позитивни, а властите наредиле сите хрчаци да бидат еутаназирани на почетокот на оваа недела, пишува Би-Би-Си.

„Загрижени сме што експоненцијалниот раст на случаите што го видовме во другите делови на светот сега се случува во Квај Чунг“, рече Лам, цитиран од Ројтерс. Кваи Чунг е густо населена станбена област северно од полуостровот Коулун во градот.

Илјадници ја потпишаа петицијата

Таа рече дека случаите со видот делта исто така се во пораст поради епидемијата меѓу хрчаците. „Разбирам дека сопствениците на домашни миленици се незадоволни. Главниот јавен интерес е да се контролира пандемијата“, рече Лам.

Ќе бидат убиени околу 2.000 хрчаци и други мали цицачи. Официјалните лица велат дека постои опасност вирусот да се пренесе од животно на човек.

Илјадници луѓе потпишаа петиција против овој потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот